Четириесетгодишниот јубилеј на Fiesta носи успех од 17 милиони продадени примероци
Среда, 2. Ноември 2016

Четириесетгодишниот јубилеј на Fiesta носи успех од 17 милиони продадени примероци

Малку автомобили можат да се пофалат со толку долга и успешна традиција како Форд Fiesta. Кога во 1976 година, прв пат, е лансирана Fiesta како нов модел на Форд, никој не претпоставил каков глобален успех ќе оствари токму овој автомобил. Денес, таа е најпродаваното мало возило во Европа и еден од најпопуларните автомобили во светот.

Без оглед на тоа што времињата и технологиите се менуваат, Fiesta и понатаму на потрошувачите им нуди стил, економичност и квалитетни перформанси. Стилизирана низ годините, квалитетна, модерна и едноставно убава, е најомилениот и најпродаваниот автомобил во својот сегмент и во Македонија дури 4 години по ред.

Постојат многу различни мотиви при изборот и купувањето автомобил, односот помеѓу вложеното и добиеното - впечатокот за квалитет, емотивното доживување. Но, кај Fiestaта во прашање се навистина многу предности. Комфорна и забавна за возење, со ниска потрошувачка, економична за одржување, „младешки дух“, со особено пријатен амбиент и атмосфера. Доаѓа во многу бои за да се вклопи во секој животен стил. На секој детаљ е посветено очигледно многу големо внимание во поглед на квалитетот на материјалите и на самиот инженеринг. Многу важна ставка која ги привлекува купувачите и ја зголемува нивната доверба е и тоа што Fiesta-та и понатаму се произведува во Германија. Револуционерните визии, за време на овој долг и пред се, интересен пат ја да донесоа Fiesta-та, буквално, на самиот врв во својата класа.

По повод јубилејот, Ми-Да Гранд Моторс стартува продажна кампања „СЛАВИМЕ FIESTA“со која на заинтересираните потрошувачи им нуди период на атрактивни и неодоливи цени на бензискиот и на дизел моторот.

Не чекајте, побарајте си ТЕСТ возење.

Новата генерација Ford Fiesta веќе e најавена за следната година.

                                                                                _________

Fiestaта може да се купи за 9,990ЕУР со бензиски мотор и 10,990ЕУР со дизел мотор, што е вистинско решение за сите кои претежно се возат низ град.

Medco prescription drug liste http://apotekudenrecept.com/ problemer med universel sundhedspleje