Четврта студентска конференција за енергетска ефикасност и одржлив развој – СКЕЕОР
Четврток, 24. Ноември 2016

Четврта студентска конференција за енергетска ефикасност и одржлив развој – СКЕЕОР

Студентите активни во пронаоѓање практични решенија за  енергетската ефикасност и одржливиот развој

Студентите на Факултетот за електротехника и информациски технологии при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, денес, ја почнаа тридневната студентска конференција за енергетска ефикасност и одржлив развој – „СКЕЕОР 2016“.

Ова е четврта година како се одржува оваа студентска конференција. Од година в година конференцијата добива се поголем размер, а заинтересираноста меѓу студентите постојано се зголемува. Оваа година на конференцијата учествуваат околу 50 учесници – студенти на додипломски и постдипломски студии со околу 30 трудови. Пријавени се и учесници од странство.

„Со вакви настани студентите имаат можност да се вклучат и да размислуваат на темите опфатени со енергетската ефикасност и одржливиот развој,се подигнува нивната свест за актуелните проблеми во овие области и придонесува кон изнаоѓање нови решенија. На самата конференција, покрај тоа што студентите ќе ги презентираат своите трудови, присутни ќе бидат и претставници од компании, како и професори кои ќе одржат пленарни предавања. Секако организирањето на една ваква конференција не е едноставно и не би било возможно без поддршката од Факултетот за електротехника и информациски технологии, како и компаниите кои застанаа зад конференцијата. Традиционално примарната цел на конференцијата останува иста: да биде мост кој ги поврзува студентите со компаниите и професорите, експерти во оваа област“, вели Андреј Станковски, еден од организаторите на Конференцијата.

За деканот на ФЕИТ, Димитар Ташковски, енергетската ефикасност и одржливиот развој се меѓу најактуелните теми на кои се посветува сериозно внимание во светот.

„Сведоци сме на значителен напредок во енергетската ефикасност на електротехничките уреди, технологијата на материјалите и сé поголемото искористување на обновливите извори за енергија. Од друга страна, засегнати од штетните влијанија на фосилните горива врз животната средина, наша обврска е да работиме и истражуваме на ова поле, но и да придонесеме кон зголемување на еколошката свест за денешните и идните генерации. За актуелноста на темата говорат и огромниот број конференции и работилници за енергетска ефикасност и одржлив развој. Се настојува колку што е можно, теоријата да се претвори во реалност. Но, наш впечаток е дека ниту една од овие конференции и работилници не е организирана од студентите и за студентите. Оваа „празнина“ ја дополнува нашата студентска конференција за енергетска ефикасност и одржлив развој. Исто така, огромен дел од студентските трудови од минатите СКЕЕОР конференции веќе се имплементирани на ФЕИТ и даваат одлични резултати“, вели Ташковски.

Според претставникот на Комората на овластени архитекти и овластени инженери, професор д-р Миле Станковски, оваа институција се грижи за образованието и за подигнувањето на нивото на инженерите.

„Работиме на доедукација на нашите членови, но и на подмладокот, на студентите. Затоа ги поддржуваме при организацијата на СКЕЕОР. Енергетската ефикасност е сé поактуелна тема и знаењата што треба да ги имаат студентите треба да се на светско ниво. Конференциите придонесуваат до зголемување на знаењата, иако тоа се прави и преку редовните студии и учество на европски и светски натпревари“, рече Станковски.

Medco prescription drug liste http://apotekudenrecept.com/ problemer med universel sundhedspleje