Почна 9-тиот Скопје постер фестивал
Понеделник, 21. Ноември 2016

Почна 9-тиот Скопје постер фестивал

Студенти и професионалци дизајнери од светот, во наредните неколку дена, ќе творат во рамки на 9-тиот Скопје Постер Фестивал, во организација на Здружението на графички дизајнери „ПлакАрт“.

Фестивалот, официјално, ќе се отвори вечерва, со почеток во 20 часот, во Музеј на Град Скопје, каде ќе се организираат професионални работилници и ќе се изработуваат дизајн решенија на теми „Дизајнирање постер за џез настан“, „Македонија како туристичка дестинација“ и „Дизајнирај влијателен социјален плакат“.

„9-тиот Скопје Постер Фестивал, повторно, е домаќин на признаени светски графички дизајнери и студенти. Вечерва ќе ги дознаеме официјалните победници на овој фестивал, кој нуди културна преобразба на Скопје, плакати со уметничка вредност и нивна промоција, како и едукација на студентите и на професионалните дизајнери преку работилници организирани од членовите на жири комисијата“, рече Гере Трипков, организатор на настанот и претседател на Здружението „ПлакАрт“.

Во рамки на овогодишниот фестивал ќе се организира изложба на победниците на 8-от меѓународен Скопје Постер фестивал на тема „Сите за луѓето со попреченост“и изложби на членови на жири комисијата.

Оваа комисија, составена од пет меѓународни судии, вечерва, ќе ги избере победниците на овогодишниот постер фестивал. Тоа се познатите Мишел Буве (Франција), Фонс Хикман (Германија), Фин Нигард (Данска), Ришард Каја (Полска) и Тони Васиќ (Македонија). Ќе бидат доделени 10 награди: две главни награди од ист ранг, 1 специјална награда и 7 почесни награди.

За судијата Ришард Каја од Полска, кој говореше во име на сите судии, Скопје е познато по две работи.

„Тоа се земјотресот од 1963 година и еден од најпознатите фестивали за графички дизајн во светот. Вообичаено, во матичната држава, тоа не се цени многу, но во Скопје се собра неверојатна група луѓе, светски познати дизајнери, чии дела се поставени во музеи во Њујорк, Лондон... Сакам да потенцирам дека го имате најдобриот конкурс и фестивал за студентски плакат во светот“, вели Каја.

Минатогодишниот победник на Скопје постер фестивал, Каја Депта – Клешта од Полска, по победата, всушност, била уверена дека се движи по вистинскиот пат во животот.

„Благодарение на овој конкурс и мојата победа ме увери дека тоа што го правам е вистинското во животот. Прекрасно е тоа што Скопје постер конкурсот ги покренува социјалните и глобалните проблеми, односно тие што не засегаат“, објаснува Депта Клешта.

Депта – Клешта ќе се претстави со 10 свои дела во рамки на Скопје постер фестивал.

Medco prescription drug liste http://apotekudenrecept.com/ problemer med universel sundhedspleje