Повеќедневно дизајнерско искуство за публика со изострени сетила
Понеделник, 7. Ноември 2016

Повеќедневно дизајнерско искуство за публика со изострени сетила

Деветто издание на Скопје постер фестивал ќе се организира од 21-ви до 30-ти ноевмри 2016 година во Музеј на Град Скопје.Во првите три дена од Фестивалот ќе се организираат и тематски работилници.

Програмата на 9. Скопје постер фестивал ќе ги заинтересира студентите по графички дизајн, визуелни комуникации и сродни насоки, но ќе биде атрактивна и за професионалните дизајнери и за пошироката публика.

Мишел Буве (Франција), Фонс Хикман (Германија), Фин Нигард (Данска), Ришард Каја (Полска) и Тони Васиќ (Македонија) се членови на жирито кои ќе одржат свои презентации и работилници на теми: дизајнирање на џез плакат, дизајнирање на социјален постер, дизајнирање на постер за промоција на Македонија како туристичка дестинација.

„И оваа година имаме жири кое е составено од експерти од сите гранки на графичкиот дизајн – илустратори, типографи, калиграфи, плакатисти“, изјавија од Плакарт.

Младите надежи на графичкиот дизајн од целиот свет аплицираа на 9. Меѓународен студентски конкурс за плакат. Темата на овогодинешниот фестивал е „Криза на идентитетот“. Поттикот за избор на оваа тема, велат од организацијата, е потребата од реакција против етничката, културната, верската, возрасната и половата подвоеност, следствено врз идентитетските прашања е фрлено поинакво светло!

„Се поголем интерес за овој конкурс е видлив преку поголемиот број пристигнати плакати – 32% повеќе од минатата година. Радува и фактот што се поголем број на академии во рамки на своите академски програми го воведуваат и овој конкурс“, истакнаа од Плакарт.

Победниците ќе бидат објавени на отворањето на 9. Скопје постер фестивал, на 21 ноември во Музејот на град Скопје, кога ќе бидат отворени и други поставки, како што се изложбата на специјална селекција на плакати од гореспоменатите постер-мајстори, плакати од победниците на минатогодипниот конкурс, како и плакатите кои беа работени на работилници за овогодинешниот 9. Скопје постер конкурс.

На следниот линк може да се аплицира за учество на работилниците и презентациите: http://skopjeposter.com/mk/nastani/

Medco prescription drug liste http://apotekudenrecept.com/ problemer med universel sundhedspleje