Презентиран европскиот систем за стручно образование и обука
Петок, 9. Декември 2016

Презентиран европскиот систем за стручно образование и обука

Претставници на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност и универзитетски професори, вчера, пред наставниот кадар од Република Македонија го презентираа ЕКВЕТ системот (Европскиот кредит систем за стручно образование и обука).

На конференцијата, одржана во хотел „Континентал“, беше потенцирано дека ЕКВЕТ претставува техничка рамка за трансфер, признавање и акумулација на стекнати знаења, вештини и компетенции за да се добие одредена квалификација и зголемена транспарентност на образовните системи, можност за размена на искуства, како и синхронизација и мобилност во европскиот простор за стручно образование и обука.

Со имплементацијата на овој кредит систем, велат претставниците на Националната агенција, ќе се поттикне мобилноста во областа на средното образование, ќе се олесни процесот на доживотно учење и ќе се промовира стручното образование и обука.

ЕКВЕТ, како што беше потенцирано на конференцијата, е европски инструмент за промоција на заедничка доверба, мобилност и препознавање во стручното образование и обука. Овој систем ќе го олесни трансферот, признавањето и акумулацијата на проценетите резултати од учењето, ќе го подобри општото разбирање на резултатите од учењето на граѓаните, ќе оствари мобилност и преносливост во земјите во областа на доживотното учење, ќе ја подобри преносливоста на квалификациите на национално ниво меѓу различни сектори на економијата и на пазарот на трудот и ќе придонесе за развој и проширување на европската соработка во образованието и обуката.

Medco prescription drug liste http://apotekudenrecept.com/ problemer med universel sundhedspleje