Skip to main content
Bild
hipomed

Компанијата Хипомед - медицинска опрема Скопје донираше медицински апарати и опрема за неколку болници во Македонија со кои ќе им го олесни лекувањето на пациентите со Ковид 19. Опремата веќе е испорачана до здравствените установи и е ставена во функција.

Донацијата се состои од регулатори за кислородна терапија, пулсоксиметри, дезинфекциони столбови, апарат за препознавање вени и брза пункција кај мали дечиња и кислородни хауби.

„Оваа донација е само дел од низата со кои Хипомед ќе ги поддржува медицинските установи. Свесни сме дека и во овие моменти секоја помош претставува сериозна поддршка за клиниките кои се под постојан притисок на пандемијата. Се надеваме дека со оваа активност малку ќе им го олесниме товарот и дека ова ќе биде поттик и за други компании да ја покажат својата хуманост и да помогнат во соочување со оваа ситуација. Според нас нема поважна работа од здравјето на човекот“, велат од тимот на Хипомед медицинска опрема.

Вкупната вредност на дадената донација е околу 6.000 евра.