Skip to main content
Bild
100годиниинженерство

20.03.2020, Скопје – Република Северна Македонија одбележува сто години инженерство, од основањето на првото македонско здружение на инженери и архитекти. По предлог на Инженерската институција на Македонија, датумот 21.03. влезе во Програмата за обележување јубилејни годишнини на значајни настани и истакнати личности во Република Северна Македонија за 2020 година.

 

Историските документи со кои располага Инженерската институција на Македонија велат дека првото главно годишно Собрание на инженери и архитекти од областа на Скопската градежна дирекција е одржано на 21.03.1920 година, кога е основано и Здружение на југословенските инженери и архитекти – Секција Скопје.

 

„Ова навистина е значаен јубилеен датум за Македонија, за инженерството, за инженерите и за Инженерската институција на Македонија. Одбележуваме основање на професија која ја гради македонската држава. Затоа, јубилејот го одбележуваме со слоганот „Еден век партнерство за одржлив развој“, вели професор д-р Христина Спасевска, претседател на Инженерската институција на Македонија.